Блокотехна рутински, МЗТ лесно против Кожув во Првата македонска лига

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром беше никакви проблеми дојдоа до триумф во вечерашната пресметка на домашен терен против Кожув (88-57), во меч од 20. коло од Првата лига.

„Сино-белите“ уште во првата четвртина ги решија дилемите околу победникот по водството од плус 16 (23-7) по нецели девет минути од натпреварот. Потоа, следуваше рутинско одработување на задачата и чување на енергијата за средбите кои ги очекуваат.

Аеродромци настапија без повредените центри Јуре Лалиќ и Бојан Трајковски, што, сепак, не се почуствува премногу во нивната игра со оглед на големата разлика во квалитет.

Дебитираше повратникот Стефан Синовец (девет поени), кој од почеток покажа дека ќе биде од голема помош во системот на тренерот Жељко Лукајиќ.

Џордон Крафорд со 19 поени беше најпрецизен кај МЗТ Скопје Аеродром, а Андреј Маслинко средбата ја заврши со дабл-дабл ефект со 16 поени и 12 скока, заедно со четири блокади. На спротивната страна за гевгелискиот клуб по 12 поени имаа Шалев (пет скокови) и Пековиќ (седум асистенции).

Вториот претставник од Гевгелија пак имаше нов успешен резултат како гостин кај Струмица (57:97). Прв стрелец во редовите на Блокотехна беше капитенот Главчев со 16 поени (по 10 скокови и асистенции, четири загубени топки), а во поразените редови се истакна Абрашев со 19 поени (по четири скокови и загубени топки).

Прва лига, 20. коло

Резултати:

Фени Индустри-Пелистер 78:68
МЗТ Скопје Аеродром-Кожув 88:57
Карпош Соколи-Гостивар 78:112
Струмица-Блокотехна 57:97
Куманово-Шкупи 117:99
23. март (18:00 ч.) АВ Охрид-Работнички

Табела:

1.Работнички 38 бодови
2.Блокотехна 37
3.МЗТ Скопје Аеродром 34
4.Куманово 33
5.Гостивар 33
6.Фени Индустри 29
7.АВ Охрид 28
8.Кожув 28
9.Пелистер 26
10.Карпош Соколи 25
11.Шкупи 24
12.Струмица 22

Наредно, 21. коло, двојки:

Шкупи-Фени Индустри
Гостивар-Струмица
Пелистер-Кожув
АВ Охрид-МЗТ Скопје Аеродром
Работнички-Карпош Соколи
Блокотехна-Куманово