Блокотехна ќе се бори за третото место на завршниот турнир во БИБЛ лигата

Македонскиот кошаркарски клуб е поразен во полуфиналето на Фајнл-фор турнирот од Балканската лига.

Составот на Блокотехна загуби со резултат 81:85 (27:16, 13:23, 18:15, 23:31) од екипата на Левски.

Најефикасен во редовите на бугарскиот тим беше Аврамов со 26 поени, а кај нашиот претставник со 21 поен се издвои Американецот Смит.

Бугарско финале на завршниот турнир во Самоков не дозволи екипата од Косово, Башкими кој пак во второто полуфинале минимално со 72:71 беше подобар од Рилски Спортист.

В недела од 14:00 часот Блокотехна ќе игра за третото место против Рилски Спортист, а од 17:00 часот е борбата за титулата помеѓу Башкими и Левски.