Блокотехна четвртопласирана на Ф4 турнирот во БИБЛ лигата

Македонскиот кошаркарски клуб со два порази го заврши својот дебитански настап на Фајнл-фор турнирот во Балканската лига.

Блокотехна денеска во натпреварот за третото место повторно загуби од бугарски тим, овојпат од Рилски Спортист со резултат 92:79 после едно продолжение.

После регуларните 40. минути беше 77:77 на семафарот, а во додатните пет минути нашиот претставник успеа да постигне само два поени.

За Блокотехна доминираше Мијатовиќ со 31 поен, пред Младеновиќ со 16 поени и девет скокови, а на спротивната страна Маринов беше прв стрелец со 25 поени, следен од Тејлор кој забележа „дабл-дабл“ учинок од 18 поени (11 скокови) и Рајт со 12 поени (по седум скокови и асистенции).

На завршниот турнир во Самоков за трофејот од 17:00 часот ќе играат екипите на Башкими (Косово) и Левски (Бугарија).

Фото: balkanleague.net