БИБЛ: Пораз од Тирана, задоцнет финиш на Куманово!

Во својот четврти натпревар оваа сезона во Балканската лига својот трет пораз го доживеа македонскиот кошаркарскиот клуб.

Денеска на гостувањето во Албанија тимот на Куманово загуби од Тирана со конечен резултат 75:73. Во првите три четвртини домаќините го контролираа водството (17:16, 24:14, 25:17), а последната ја доби нашиот претставник со 26:9.

За Тирана најефикасни беа Шима со 21 поен (седум скокови) и Хисенаголи со 20 поени (16 скокови), а на спротивната страна 23 поени (пет скокови) беа дело на Караколев, следен од Ковач со 15 поени (четири скокови), по 12 поени Караџовски (четири скокови, пет загубени топки) и Рем (четири скокови).

На табелата Тирана е на делба на првото место заедно со бугарскиот состав на Академик Бултекс со по шест бодови, додека Куманово е петтопласиран со пет бодови.