БИБЛ: Брчков и Тирана немоќни пред Рилски Спортист!

Денеска во шестото коло од Балканската лига албанската екипа го претрпе третиот пораз сезонава.

На домашен терен Тирана загуби убедливо со конечен резултат 78:99 од бугарскиот тим на Рилски Спортист.

За домаќините настапи македонскиот интернационалец Владимир Брчков кој за 22. минути игра на паркетот во „Фети Борова“ забележа осум поени (2/5 од поле, 1/2 за три поени, 1/2 од слободните фрлања).

На табелата води нашиот претставник Блокотехна со девет бодови, пред Рилски Спортист кој има осум, а по седум Академик Бултекс (Бугарија) и Тирана.

Следуваат косовскиот Башкими (6), бугарскиот Левски (5) и црногорскиот Ибар Розаје (3), а потсетување дека Куманово поради финансиски причини го прекина настапот во БИБЛ натпреварувањето.