БИБЛ: Брчков и Тирана „декласирани“ од Левски

Ова е првата победа за бугарскиот кошаркарски клуб во 2018. год. во Балканската лига…

На домашен терен екипата на Левски убедливо со конечен резултат 105:52 го совлада албанскиот состав на Тирана.

Македонскиот интернационалец Владимир Брчков за 26. минути на паркетот имаше девет поени (2/3 од поле, 1/2 за три поени, 2/2 од слободните фрлања), додаде по еден скок, асистенција и загубена топка.

На табелата Левски е на третото место со 13 бодови (шест помалку од водечката Блокотехна), додека Тирана после осмиот пораз сезонава е на петтата позиција со 12.