БИБЛ: Брчков и Тирана декласирани дома од Академик Бултекс

Во својот деветти натпревар оваа сезона во Балканската лига албанскиот клуб го претрпе седмиот пораз.

Тирана пред своите гледачи убедливо со конечен резултат 61:97 загуби од тимот на Академика Бултекс кој пак дојде до четвртиот триумф во БИБЛ натпреварувањето.

Македонскиот интернационалец Владимир Брчков за 30 и пол минути игра на паркетот имаше осум поени (4/5 од поле, 0/3 за три поени), додаде три скока, четири асистенции и една загубена топка.

На табелата бугарската екипа е на третата позиција со 12 бодови, пет помалку зад водечките Блокотехна (Македонија) и Рилски Спортист (Бугарија), додека Тирана е на шестата позиција со осум бодови.