БИБЛ, 1/4: Брчков и Тирана со негатива патуваат во Бугарија

Се одигра првиот натпревар од четвртфиналната плеј-оф серија во Балканската (БИБЛ) кошаркарска лига…

На домашен терен составот на Тирана загуби со конечен резултат 67:73 од екипата на Левски Лукоил.

За албанскиот тим настапи македонскиот интернационалец Владимир Брчков, но без никаков учинок за 31. минута игра на паркетот (0/3 од поле, 0/3 за три поени), додаде само три скока, две асистенции и две загубени топки.

На спротивната страна за бугарскиот претставник Немања Милошевиќ постигна 24 поени (седум скокови), следен од Христо Николов со 17 поени (седум скокови).

Реваншот во Софија е закажан за 3. април со почеток од 18:30 ч. по локално време во салата „Универзијада“.