Балканска лига: „Прегазен“ Ибар, успешна Блокотехна во Црна Гора!

Во својот четврти натпревар оваа сезона во БИБЛ, трет триумф за македонскиот кошаркарски клуб.

Денеска во Црна Гора убедливо со резултат 74:98 (16:22, 16:26, 19:21, 23:29) го совлада Ибар Розаје.

Казарновски доминираше со 24 поени, пред Бенџамин со 21 поен (10 скокови, пет асистенции), а на спротивната страна прв стрелец беше Јекниќ со 19 поени (четири скокови), пред Калиќ со 16 поени (седум скокови, четири асистенции).

Во некомплетното четврто коло гевгелиската екипа води со седум бодови, пред бугарските состави на Академик Бултекс и Левски, и албанската Тирана со по шест.

На 14. ноември Блокотехна ќе гостува во Бугарија кај Академик Бултекс.