Балканска лига: Куманово загуби по продолженијата од Академик Бултекс!

Македонскиот кошаркарски клуб по продолженијата загуби од бугарскиот состав со резултат 90:86.

Првите три четвртини ги доби гостинот со 20:21, 22:24 и 21:24, а домаќинот доминираше во последниот квартал со 16:10. Во додатните пет минути Академик беше подобар за четири коша разлика (7:11).

Уште еднаш за Куманово најефикасен беше Димитар Караџовски со 23 поени и девет асистенции, следен од Марјан Јански со 18 поени и 12 скокови.

На спротивната страна за Академик Бултекс 99 доминираа Мартин Дурчев со 28 поени, Мануел Џонсон реализираше 14 поени и девет скокови, а Шакир Смит додаде 13 поени.

На табелата води Академик Бултекс со шест максимални бодови, додека Куманово после вториот пораз е на петтата позиција со четири.