АВ Охрид со нов убедлив пораз од Крка во втората АБА лига!

Македонскиот кошаркарски клуб со нов убедлив пораз ја заврши дебитантската сезона во втората АБА лига…

Охрид на домашен терен загуби од составот на Крка со конечен резултат 69:100 (15:32, 24:22, 14:24, 16:22) во својот последен меч пред своите гледачи во СРЦ „Билјанини извори“.

Прв стрелец кај Охриѓани беше Рос со 29 поени (по четири скокови и асистенции, пет загубени топки), следен од Глигоријевиќ со 13 поени (четири скокови).

На спротивната страна кај словенечкиот тим доминираа Џапа со 19 поени (девет скокови), а по 13 имаа Маринели, Братож (четири асистенции), Цинак (четири скокови).

На табелата Охрид останува на последното 12. место со 22 бодови, а својот последен дуел сезонава во натпреварувањето ќе го има 27. март на гостувањето во Словенија кај екипата на Приморска.

Да додадеме уште дека познати се сите четири претставници кои ќе играат на Ф4 турнирот во втората АБА лига, тие се Борац, Приморска, Крка и Вршац.

Фото: AV Ohrid/Mega Production