АВ Охрид останува единствениот без победа во втората АБА лига

И во четвртото коло сезонава во втората АБА висок пораз претрпе македонскиот кошаркарски клуб.

Денеска на гостувањето во Босна и Херцеговина со 93:62 (32:24, 24:16, 23:10, 14:12) АВ Охрид загуби од тимот на Зрињски Мостар.

Во нашите редови најефикасен беше Бери со 22 поени (пет скокови), следен од Томас со 13 поени (шест скокови) и Рос со 11 поени (по седум скокови и асистенции).

На спротивната страна Рамљак забележа 20 поени (седум скокови, четири асистенци), 15 поени, четири скокови и пет асистенции беа дело на Соколовиќ.

Охриѓани остануваат единствените во шампионатот без победа, а нова шанса за прва радост ќе имаат на 8. ноември кога во СРЦ „Билјанини Извори“ ќе ја пречекаат Рогашка од Словенија.