Атланта сезонава е очајна во НБА: И навивачите загубија надеж! (ВИДЕО)

Атланта Хокс сезонава во НБА лигата не бележи најдобри резултати, моментно е дури на претпоследната 14. позиција во Источната конференција (5-18).

Новиот пораз поранешниот клуб на македонскиот интернационалец Перо Антиќ го претрпе на домашен терен од Бруклин Нетс со 90:110.

Беше забележан и еден интересен момент, при висока негатива еден навивач на „јастребите“ кој си купил билет во првиот ред очигледно го загубил ентузијазмот да ја бодри својата омилена екипа.