Антиќ: Ќе играм кошарка додека се смеам и уживам!

35-годишниот македонски кошаркар говореше за српските медиуми…

Перо Антиќ кој оваа сезона ги брани боите на Црвена Звезда не потврди дека во 2018. година ќе се пензионира.

Како што самиот вели тој го слуша советот од неговиот татко, запрашан дали сезонава ќе му биде последна, одговори:

Да почекаме. Додека уживам ќе играм кошарка. Кога ќе почнам тоа да го работам на сила, тогаш само пензија.

Тоа ми го кажа мојот татко на првиот ден кога започнав да играм кошарка, да ја играм кошарката додека се смеам и додека уживам во тоа“.