Антиќ и Црвена Звезда во финалето на АБА лигата против Будуќност

Се одигра и третиот последен решавачки натпревар од полуфиналниот плеј-оф помеѓу Црвена Звезда и Морнар Бар.

„Црвено-белите“ на домашен терен убедливо со конечен резултат 88:69 го елиминираше црногорскиот претставник.

За прв пат во историјата на ова кошаркарско регионално натпреварување за титулата ќе се борат Црвена Звезда и Будуќност кој пак да потсетиме во полуфиналето беше подобар од хрватската екипа на Цедевита.

Како што и беше најавено, ниту на третиот меч помеѓу Црвена Звезда и Морнар Бар поради повреда не настапи македонскиот интернационалец Перо Антиќ.

Победникот од финалната плеј-оф серија ќе избори право на настап во Евролигата за наредната натпреварувачка сезона 2018/2019.

Српскиот шампион кој е бранител на титулата е трикратен првак по ред, тоа ќе биде нивно четврто појавување во финалето, а прво историско за тимот од Подгорица (Црна Гора).

Само еднаш се сретнале во полуфинална плеј-оф серијата во сезоната 2016/2017 кога белградскиот состав славеше во „мајсторката“.

АБА лига
Финале, плеј-оф серија

1. натпревар 9 април Црвена Звезда-Будуќност
2. натпревар 10 април Црвена Звезда-Будуќност
3. натпревар 12 април Будуќност-Црвена Звезда
4. натпревар (ако е потребно) 13 април Будуќност-Црвена Звезда
5. натпревар (ако е потребно) 15 април Црвена Звезда-Будуќност