Антиќ и Црвена Звезда со првата новогодишна победа!

Денеска српскиот состав на домашен терен со 80:76 ја совладаа екипата на Петрол Олимпија.

Во 14. коло од АБа регионалната лига Црвена Звезда беше подобра од словенечкиот претставник за вкупно 12. триумф сезонава и моментно прво место со 26 бодови, колку што има и второпласираниот Будуќност, а токму овие две екипи во наредната рунда ќе ги одмерат силите во Црна Гора.

Македонскиот интернационалец Перо Антиќ во триумфот (деветти по ред) за скоро 18. минути на паркетот забележа само два поени (1/2 од поле, 0/1 за три поени), додаде пет скока, по една асистенција и украдена топка.

Најефикасни кај домаќините беа Рочести со 16 поени (четири асистенции), Дангубиќ и Фелдејн имаа по 13, додека на спротивната страна по 15 забележаа Шпан и Морган (11 скокови).