Антиќ: Донесени како спасители? Ја уништивте кошарката, одете си!!!

Перо Антиќ повторно незадоволен од Македонската кошаркарска федерација…

Македонскиот кошаркар кој летово направи трансфер од Фенербахче во Црвена Звезда преку социјалната мрежа „Фејсбук“ побара заминување на раководството на МКФ на чело со претседателот Петар Наумоски.

Ја коментира сегашната ситуација во која се наоѓа македонската сениорска репрезентација која имаше неодамна неуспешни мундијалски претквалификации и воопшто кошарката во нашата земја.

Донесени како спасители на кошарката?? Не оставија во Б дивизија спасителите и никој не ги суспендираше нит било што им се правеше..Со тешка борба ја вративме ние небитните до врвот на Европската кошарка!! Се вратија на готово и не вратија таму каде што не оставија!!!

Зошто не се запраша МК јавност:

-Каде што има Српски тренер секогаш се носат по неколку Срби..
-Колку Македонци донесе спасители Заре Марковски во својот тим?
-Зошто Полат не ги чува играчите како свое дете, или се само индијанци што ќе пополнат да помине уште една година да си ги реализира матните бизниси преку федерацијата?

-Зошто толку настојуваше баш сега да биде Јоцо Селектор, а не минатите години каде што носеше писатели, а не тренери?
-Жалосно што политиката е толку навлезена во спортот, што преку своја партија дојде кај што си, а Јоцо има тврди корења во опозиција, па ќе се спасуваш така? (за Јоцо само најпозитивно мислење имам, да не се сфати погрешно)
-После секој неуспех никогаш не е твоја вина, туку на играчите и стручниот штаб?
-Ја упропасти кошарката, хемијата во кошарката и цела репрезентација!!
-Ти и девојчето ако имате доблест и малку грижа на совест треба под итно да излезете од кошарката и да не се враќате!!
-И последно до Полат: Дали тебе некој те суспендираше кога кажа дека нема да игра повеќе за репрезентација, а продолжи уште да играш професионално?
-Дали беше прв да штрајкуваш против Зоре за осигурување иако земаше милиони, а сега не сакаш на деца, кои знаеме какви примања имаат во Македонија, да исплатиш тоа што си згрешил!!!??“

Позз
Небитниот