АЦБ: МекКејлеб солиден, а Димитријевиќ втор стрелец против Валенсија!

Во 14. коло од најсилната шпанска кошаркарска АЦБ лига порази за екипите на Хувентуд и Сарагоса.

Хувентуд на гостински терен беше убедливо поразен на гостувањето кај тимот на Валенсија со конечен резултат 102:81.

Македонскиот интернационалец Ненад Димитријевиќ за скоро 25 и пол минути игра имаше 11 поени (3/4 од поле, 0/4 за три поени, 5/5 од слободните фрлања), додаде по четири скока и асистенции.

Сарагоса со 70:67 загуби кај составот на Реал Бетис иако после првото полувреме водеше со 26:34.

Поранешниот наш репрезентативец Лестер Бо МекКејлеб за скоро 19. минути на паркетот забележа шест поени (2/6 од поле, 0/2 за три поени, 2/2 од слободните фрлања), додаде четири скока и две асистенции.

На табелата Хувентуд е на 15. место со осум бодови, колку што има и Сарагоса на небезбедната претпоследна 17. позиција која што води во понизок ранг.