АБА: „Штрковите“ вратени во реалноста, горчлива Цедевита среде Скопје! (ВИДЕО)

По пауза од речиси еден месец поради одигрувањето на завршниците од националните купови и репрезентативниот циклус на ФИБА, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром денеска ги продолжија настапите во АБА-лигата.

Избраниците на тренерот Жељко Лукајиќ претрпеа нов пораз сезонава во регионалното натпреварување, овојпат убедлив од Цедевита со конечен резултат 64:85 (13.15, 18:26, 17:16, 16:28) во СЦ „Јане Сандански“.

За македонскиот шампион доминираа Спасојевиќ со 13 поени (шест скокови) и Лалиќ со 12 поени (девет скокови), додека на спротивната страна за хрватскиот тим најрасположени беа Чери со 20 поени (четири асистенции) и Укиќ со 15 поени.

Популарните „штркови“ се заковани на дното во АБА лигата со 24 бодови на 12. позиција, до крајот на регуларниот дел имаат да одиграат уште еден натпревар на 11. март во Црна Гора против екипата на Морнар Бар.

Фото: MZT Skopje Aerodrom/Dragan Mitreski-Dadi