АБА: Самарџиски и Мега во финишот потклекнаа пред Олимпија!

Во рамките од четвртото коло во АБА лигата составот на Мега Бемакс на домашен терен загуби од Петрол Олимпија со 77:86.

Иако после три четвртини српскиот претставник имаше предност пред своите верни навивачи од 68:63, во последната четвртина Словенците доминираа и ја освоија со 9:23.

Ова беше втор пораз за Мега сезонава и моментно е на четвртото место со шест бодови, а истиот учинок го имаше и Олимпија која по вториот триумф е на седмото место во генералниот пласман.

Македонскиот интернационалец Предраг Самарџиски беше во составот кај домаќините, но остана на клупата без никаква минутажа.

Од неговите соиграчи доминираше Н. Ребиќ со 18 поени, а на спротивната страна прв стрелец беше Џ. Морган со „дабл-дабл“ учинок од 20 поени и 10 скокови.

-ЕНДЕСА, ШПАНИЈА: ПОРАЗ НА ДИМИТРИЈЕВИЌ И ХУВЕНТУД ОД ТЕНЕРИФЕ-

Во четвртото коло од најсилната шпанска лига, составот на Хувентуд загуби на домашен терен од Тенерифе со 73:76, иако водеше после првите 10. минути од мечот со 26:13.

Нашиот млад играч Ненад Димитријевиќ за 12 и пол минути игра имаше пет поени (1/3 од поле, 1/1 за три поени). Хувентуд моментно е на 15. место во генералниот пласман.