АБА: Неуспешен крај на 2017, предновогодишен „нокаут“ во Хрватска за МЗТ! (ВИДЕО)

Во рамките од 14. коло во кошаркарската АБА регионална лига нов пораз за популарните „штркови“.

На гостувањето во Хрватска македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром загуби од Задар со 105:80 (32:14, 23:27, 25:21, 25:18).

Џошуа Бостик со 38 поени (четири асистенции) ги водеше домаќините кон новиот триумф сезонава, додека за нашиот тим доминираа Минчев со 17 поени (шест скока) и Лалиќ со 16 поени (девет скока).

Избраниците на тренерот Лукајиќ остануваат на последното 12. место со 16 бодови, а првиот меч во 2018. година ќе го имаат на 5. јануари дома против босанската Игокеа.