АБА: Црвена Звезда без проблеми со Цедевита, само еден поен за Антиќ!

Во 16. коло од регионалната АБА кошаркарска лига составот на Црвена Звезда дома убедливо со 82:66 ја совлада Цедевита.

„Црвено-белите“ после 13. триумф сезонава се на второто место со 29 бодови, еден помалку зад лидерот Будуќност од Црна Гора.

Во следното коло српскиот гигант ќе гостува во Скопје кај аеродромски МЗТ на 22. јануари со почеток од 18:00 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Денеска македонскиот интернационалец Перо Антиќ во новите бодови за скоро 18. минути игра на паркетот забележа само еден поен (0/3 за три поени, 1/2 од слободните фрлања), додаде шест скока и една асистенција.

Кај неговите тимски колеги најефикасни беа Фелдејн со 27 поени и Рочести со „дабл-дабл“ учинок од 15 поени и 10 асистенции.

На спротивната страна Николс забележа 13 поени (по четири скокови и загубени топки), а Жганец 11 поени (четири скокови).