АБА: Антиќ втор стрелец против Игокеа, Црвена Звезда го освои првото место! (ВИДЕО)

Црвена Звезда ќе го започне плеј-офот како првопласирана откако славеше нова победа сезонава над Игокеа со резултат 76:82.

Македонскиот интернационалец во триумфот на „црвено-белите“ беше втор стрелец со 11 поени за нешто над 17. минути игра на паркетот (2/3 од поле, 1/3 за три поени, 4/4 од слободните фрлања), додаде седум скокови и една украдена топка.

Поефикасен од него во српскиот состав се издвои единствено Рочести со 23 поени. На спротивната страна за босанскиот тим најзабележителен беше Јевтовиќ со 17 поени (пет скокови).

Веќе е познат противникот на Црвена Звезда во полуфиналниот плеј-оф, тоа е црногорската екипа на Морнар Бар, а избраниците на тренерот Алимпијевиќ ќе имаат домашна предност во таа серија.