АБА 2: Рамноправен во првото полувреме, на крајот АВ Охрид поразен и од Ловќен

Во 13. коло од втората АБА лига, нов пораз за македонскиот кошаркарски клуб на домашен терен.

АВ Охрид беше рамноправен во првото полувреме против Ловќен Цетиње после кое имаше само негатива од минус три (41:44).

Во следните две четвртини гостите ја покажаа својата сила и знаење, ги освоија со 16:27 и 18:25, за на крајот да слават убедливо со 75:96.

Најефикасни кај домаќините беа Рос со 26 поени (пет скокови) и Јунаковиќ со 23 поени (шест скокови, но и седум загубени топки).

На спротивната страна за црногорската екипа Јелениќ забележа 31 поен, следен од Поповиќ со 17 поени (седум скокови).

На табелата на последната 12. позиција остануваат Охриѓани со 14 бодови, а во следното коло на 17. јануари ќе гостуваат во Србија кај Вршац.

Фото: AV Ohrid/Mega Production