АБА 2: Охриѓани си тераат по старо, на „минус 29“ во Чачак!

Во својот прв натпревар од новата 2018. година уште еден пораз за македонскиот кошаркарски клуб.

Денеска на гостувањето во Чачак, загуби АВ Охрид убедливо и од Борац со резултат 100:71 (34:23, 20:15, 28:23, 18:10).

За српскиот претставник доминираа Ѓоковиќ со 14 поени (четири скока, 10 асистенции) и Чарапиќ со 13 поени, додека за нашата екипа убедливо најефикасен на мечот беше Рос со 22 поени (пет скокови, но и шест загубени топки).

Останува последнорангиран АВ Охрид на 12. позиција со 13 бодови со вкупно 11 претежно високи порази и една победа и тоа службена.

Во следното 13. коло ќе играат на домашен терен 10. јануари во СРЦ „Билјанини извори“ со почеток од 17:00 часот против црногорскиот Ловќен 1947 Цетиње.

Фото: Borac/Dusko Radisic