АБА 2 лига: Охрид рамноправен само во првите 10 минути против Сплит!

И во осмиот натпревар сезонава во втората АБА лига претрпе пораз македонскиот кошаркарски клуб.

Денеска на гостувањето во Хрватска со резултат 92:72 Охрид АВ загуби од составот на Сплит по четвртини (19:19, 25:18, 27:1ѝ9, 21:17).

Први стрелци кај домаќините беа Марчинковиќ со 21 поен (по шест скокови и асистенции) и Скот со 16 поени (пет скокови).

Во нашите редови Бери забележа 26 поени (девет скокови), следен од Зимиќ со 23 поени (14 скокови, седум асистенции, пет загубени топки).

Охриѓани остануваат последнопласирани на табелата со осум бодови и во следното коло на 13. декември ќе ја пречекаат претпоследно рангираната Босна која има две победи досега сезонава.

Фото: Split/Ivica Cavka