АБА 2, горчлив вкус на дебито: АВ Охрид доби лекција од Борац Чачак!

Денеска македонскиот кошаркарски клуб АВ Охрид убедливо загуби на дебито во новоформираната Втора АБА лига.

На домашен терен со конечен резултат 62:82 (14:21, 19:20, 18:20, 11:21) Охриѓани загубија од српскиот претставник Борац Чачак.

Борац Чачак уште на стартот направија огромна серија од 16:4 во првите три и пол минути игра. Се врати резултатски Охрид намалувајќи само на минус 40:41 со кошевите на Михајловски, но веднаш од следниот момент повторно гостите доминираа, беа поефикасни и создадоа двоцифрена предност (40:54).

Охрид немаше сили повторно во обид да ја врати неизвесноста, тоа го искористи нивниот противник за уште поголема позитива и до крајот рутински да го одработи мечот освојувајќи ги првите бодови.

Бери беше прв стрелец кај домаќините со 21 поен, следен од Рос кој забележа 13, а на спротивната страна Стојадиновиќ имаше 21 поен (12 скокови), Ѓоковиќ додаде 14 поени (четири скока, осум асистенции).

Фото: AV Ohrid/Mega Productions