„0 од 4“ во Шпанија: Димитријевиќ и Хувентуд немоќни пред Гран Канарија!

Денеска во рамките од петтото коло во Лас Палмас составот на Хувентуд претрпе убедлив пораз од Гран Канарија со резултат 94:69, иако после првата четвртина водеше со 22:24.

Ова е веќе четврти пораз по ред за Хувентуд и сеуште без бодови (заедно со Реал Бетис и Сан Пабло Бургос) досега сезонава во најсилниот шпански кошаркарски шампионат на 16. позиција.

На денешниот меч македонскиот интернационалец Ненад Димитријевиќ за скоро 15 минути игра имаше два поени (1/3 од поле, 0/1 за три поени, 0/2 од слободните фрлања), додаде две асистенции.