Шоу на македонскиот репрезентативец: Стојановски со 20 поени го „растури“ Банвит!

Денеска во рамките од 18. коло во најсилното турско кошаркарско првенство нов триумф за Бујукчекмече.

На гостински терен после едно одиграно продолжение со конечен резултат 84:89 успеа да го совлада Банвит, после регуларните 40. минути беше 75.75.

Одличен во новата победа сезонава беше македонскиот репрезентативец Војдан Стојановски кој реализираше 20. поени.

На тој начин Бујукчекмече останува во игра за една од првите осум позиции кои водат во плеј-офот, моментно е на деветтата позиција со 25 бодови, два помалку зад екипите на Анадолу Ефес, Дарушафака, Сакарја и Ескишехир кои имаат и еден меч помалку.