Црвена Звезда „падна“ во Морача: Антиќ втор стрелец против Будуќност!

Денеска во дербито од 15. коло во регионалната АБА кошаркарска лига, втор пораз сезонава за „црвено-белите“.

Српскиот состав загуби на гостувањето кај Будуќносто со конечен резултат 92:86, а нов настап имаше Перо Антиќ.

Македонскиот интернационалец беше втор стрелец со 14 поени за скоро 18. минути на паркетот (4/7 за три поени, 2/2 од слободните фрлања), додаде шест скока, по две асистенции и загубени топки.

Поефиасен од него беше само Рочести со 19 поени (седум асистенции), а на спротивната страна 18 поени и четири асистенции забележа Ивановиќ.

На табелата прв е Будуќност со 28 бодовои, еден повеќе од Цедевита и Црвена Звезда, додека четвртопласиран е Морнар Бар (23).

Во следното коло Црвена Звезда ќе има уште еден тежок, во Хрватска против Цедевита на 14. јануари.