Турнир М14: Бадел на врвот, третопласиран тимот на Трокал!

Најмладите кошаркарки на Бадел 1862 го освоија првото место на турнирот за девојчиња до 14 години кој денеска беше одржан в Скопје.

Избраничките на тандемот Стојановска-Герасимовска беа стабилни во играта против врсничките од Струга, кои прерано останаа без неколку соиграчи поади пет фаули што беше дополнителен проблем за Коста Белкоски кој ја имаше улогата на главен тренер.

Во финишот, Бадел 1862 славеше со конечни 35-19. Капитенот на Бадел 1862, Нина Зафировска се закити со признанието MVP (најкорисен играч).

Младите кошаркарки на Трокал ги совладаа врсничките од Гостивар и со тоа го освоија третото место. Клубот од Кавадарци предноста си ја осигура во вториот период кој го доби со сигурни 6-14 што се покажа како сосема доволна предност за мирен финиш на натпреварот.

Трокал славеше со 30-35 односно 11-10, 6-14, 6-4 и 7-7 по делници.

Фото: mkf.mk