Непланиран пораз на Црвена Звезда во Евролигата (ВИДЕО)

После двете победи над Жалгирис и Милано, српскиот кошаркарски клуб изненадувачки загуби на гостувањето кај послаборангираниот Анадолу Ефес (104:95).

На тој начин Црвена Звезда направи чекор назад во борбата за плеј-офот оваа сезона во Евролигата, во составот не настапи македонскиот интернационалец Перо Антиќ поради повреда на ногата.

За турскиот клуб доминираа Зоран Драгиќ со 24 поени (четири асистенции) и Ерик МекКолум со 20 поени (четири скокови).

На спротивната страна Милко Бјелица забележа 15 поени (шест скокови), а Тејлор Рочести 14 поени. На табелата Црвена Звезда е на 11. позиција (7-10) и во следното коло на 16. јануари ќе го пречека рускиот Химки.