НБА Топ 12: Божиќна „честитка“ од Кајри Ирвинг против Вашингтон! (ВИДЕО)

Актуелниот НБА шампион Голден Стејт беше подобар од Кливленд со 99:92 во божиќната реприза на минатосезонското финале во НБА лигата после еден неизвесен натпревар.

Најзаслужни за триумфот на Вориорси беа Кевин Дурент со 25 поени и седум скокови и Клеј Томпсон со 24 поени и седум скока.

На спротивната страна за Кавалирси Кевин Лас забележа 31 поен и 18 скокови, а ЛеБрон Џејмс уфрли 20 поени, по шест скокови и асистенции, но и седум загубени топки.

НБА, резултати:

Њујорк Никс-Филаделфија Сиксерс 98:105
Голден Стејт Вориорс-Кливленд Кавалирс 99:92
Бостон Селтикс-Вашингтон Визардс
Оклахома Сити Тандер-Хјустон Рокетс 112:107
Лос Анџелес Лејкерс-Минесота Тимбервулвс 104:121

Исто така во продолжение погледнете ги најдобрите 12 потези од синоќешните мечеви каде што најдобриот потег го има Ирвинг, а уживајте и во мајсториите на Вејд, Харт, Бил, Грин, Батлер, Фелтон, Рендл, Ентони Таунс, Адамс и Убре Јр.