НБА: Драма во Тексас, Џинобили со тројка во последните секунди му „пресуди“ на Бостон! (ВИДЕО)

Еден интересен натпревар одиграа екипите на Сан Антонио и Бостон доцна синоќа во НБА лигата…

Составот на Грег Попович дојде до победа со конечен резултат 105:102 во самиот финиш од средбата во Тексас.

Херој на мечот во редовите на Спарси беше Ману Џинобили кој при 102:102 успеа да погоди тројка за радост кај неговите соиграчи.

Тој не беше најефикасен, туку ЛаМаркус Олдриџ со „дабл-дабл“ учинок од 27 поени и 10 скокови, додека на спротивната страна за Селтикси доминираше Кајри Ирвинг со 36 поени.

НБА, резултати:

Шарлот Хорнетс-Чикаго Булс 111:119 (106:106) по 1. продолжение
Детроит Пистонс-Голден Стејт Вориорс 98:102
Индијана Пејсерс-Кливленд Кавалирс 106:102
Орландо Меџик-Денвер Нагетс 89:103
Мемфис Гризлис-Торонто Репторс 107:116
Милвоки Бакс-Далас Маверикс 109:102
Њу Орлеанс Пеликанс-Сакраменто Кингс 109:116 (102:102) по 1. продолжение
Сан Антонио Спарс-Бостон Селтикс 105:102

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА:

1.Бостон Селтикс 22-5
2.Торонто Репторс 16-7
3.Кливленд Кавалирс 18-8

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА:

1.Хјустон Рокетс 19-4
2.Голден Стејт Вориорс 21-6
3.Сан Антонио Спарс 18-8

-ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ НАЈДОБРИТЕ 10 ПОТЕЗИ-

Победничката тројка на Џинобили се најде на првото место во најдобрите 10 потези од изминатата ноќ.

Уживајте уште во мајсториите на Оладипо, Херис, Пламли, Дурент, Холидеј, Кид-Гилхрист, Бартон, Џејмс, Вејд, Антетокунмпо и Браун.