Внимавај, Перо доаѓа: Прво „финта“, а потоа НБА забивање! (ВИДЕО)

Во рамките од 13. коло во регионалната АБА кошаркарска лига…

Составот на Црвена Звезда на гостински терен во српскиот дуел славеше со 85.90 над Мега Бемакс.

Македонскиот интернационалец Перо Антиќ во новите бодови придонесе со 12 поени за 21. и пол. минута игра (1/2 од поле, 1/5 за три поени, 7/11 од слободните фрлања), додека шест скока, но и три загубени топки.

За домаќините во составот беше Предраг Самарџиски, но не доби шанса за настап. На табелата Црвена Звезда е на врвот со 24 бодови, колку што има и второпласираниот Будуќност, додека Мега е претпоследна со 17, два повеќе од нашиот шампион МЗТ Скопје Аеродром.

Тоа беше последниот меч за „црвено-белите“ оваа година во натпреварувањето, а следното коло, односно првиот дуел од новата 2018 год., ќе го имаат на 2. јануари дома против словенечката Олимпија, додека Мега има уште средба во 2017-та на 30. декември на гости кај црногорскиот Морнар Бар.