Богдановиќ постигна 400 тројки, а потоа се шегуваше со Антиќ! (ФОТО, ВИДЕО)

Нема застанување за Богдан Богдановиќ, но може да ги следи и случувањата во АБА лигата и играта на својот поранешен соиграч Перо Антиќ.

На својот последен меч доцна синоќа уфрли 15 поени во дресот на Сан Антонио Спарс во НБА лигата, а потоа имаше индивидуален шутерски тренинг, на кој погоди 400 тројки од 487 обиди.

Исто така, го следеше и српскиот дуел од АБА помеѓу Мега Бемакс на Предраг Самарџиски и Црвена Звезда на Перо Антиќ.

И Богдановиќ и Антиќ беа активни на Твитер, да потсетиме, Антиќ имаше фантастичен потег на дуелот против Мега, и поврзано со тренингот на Богдановиќ, еве како помина разговорот:

Повторно пробај на финта шут“, напиша Антиќ, а Богдановиќ реагираше шеговито: „Доколку ја немаш шут финтата, би работел како обезбедување“.